Град Скопје со признанија за најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2021 година.
Признанијата ги додели градоначалничката Данела Арсовска.
За своите заслуги во работењето, успехот и пожртвуваноста признанија добија:
Петруш Ѓорѓиевски-пожарникар спасител во територијалната противпожарна
единица на Град Скопје- Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје.
Димитар Ристовски-полициски службеник во полициската станица за општа надлежност Кисела Вода- СВР Скопје.
Илија Трајковски-крводарител кој до неговата 62 годишна возраст дарувал крв 113 пати.