Фото: Пиксабеј

Скопје денеска редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопшти доцна синоќа скопски „Водовод“.

– За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје. Сите населени места во Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење – се вели во соопштението на „Водовод“.

Вчера, првично беше објавено дека во повеќе населени места во Скопје ќе има намален притисок или прекин на водоснабдување во попладневните часови, поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.