Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за подобра информираност на граѓаните на Скопје објавува неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.8.2022 до 26.8.2022 зеде 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 44 мерни места во градот Скопје.
Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18).