Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, изминатата седмица санкционираа 195 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 22 до 28.8.2022 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 90 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 105 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.
– ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, за одржување на редот и безбедноста на улиците – информираат од Општината.