Општина Илинден почна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци – Бујковци, кој е во должина од 1.500 метри и широчина од 5,5 метри, во рамките на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба што претставуваше тешкотија во секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните. Со реконструкцијата на локалниот пат ќе се изврши поставување нов асфалтен слој, а ќе се реши и одводнувањето на коловозот што во минатото претставуваше главен проблем за оштетување на патот.
Целосната реконструкција на патот е предвидено да заврши во наредниот период, а финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.
Со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општината Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможат квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.