Реконструирани детски игралишта во општината Илинден

Општина Илинден изврши реконструкција на реквизитите на неколку детски игралишта во населените места Ајватовци и Бунарџик.
– На детското игралиште во Ајватовци е реконструиран дел од реквизитите за детска игра и рекреација, исто како и во населеното место Бунарџик, каде што се реконструирани лулашките и нишалките. Во Бунарџик, кај Домот на културата, извршена е реконструкција и на четири клупи – информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат со изградба на нови и со реконструкција на постојните детски игралишта во сите населени места, за децата од општината Илинден да имаат простор каде што ќе можат да се рекреираат и забавуваат.