Фото: Фејсбук/Дарко Костовски

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го означи почетокот на изградбата на речно корито и трим патека на реката Серава, што претставува остварување на долгогодишно барање на жителите на скопската општина.

– Денес е еден од најубавите денови, ден за историја, ден за најголемиот проект кој ќе се реализира во Општина Бутел! Проект кој 30 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел од денес станува реалност. Едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел денес се реализира – објави Костовски на Фејсбук, додавајќи дека изминатата година се одвивала изработката на основниот проект и финалниот изглед на речното корито.

Фото: Фејсбук/Дарко Костовски

Во првата фаза од проектот е предвидено уредување на речното корито на Серава во должина од 1.500 метри во населеното место Радишани. А паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека.

– Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортуваме и ќе рекреираме на овој кеј! Ветувањата ги реализираме – заклучува Костовски.