Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот фејсбук-профил објави дека Општината го продолжува проектот „Бесплатен таблет за сите“, со сопствени средства, обезбедени од буџетот на Општината.
Секој ученик што посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет-уред за полесно совладување на наставата.
Тој истакна дека Општината започнала постапка за набавка на 900 таблет-уреди, кои на почетокот од следната учебна година ќе им бидат поделени на учениците од четврто одделение.
– Одлуката ја носиме водејќи се од идејата дека секое дете заслужува шанса да успее и да биде во тек со наставата и новите технологии. Наша обврска е без разлика на социјалниот статус, да обезбедиме еднакви услови за успех на сите ученици и во време на дигитална трансформација да го модернизираме образованието – напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.