Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и Општина Сарај по две и пол години се усогласија за управувањето со Матка. На 17 октомври ќе се расправа за нацрт-законот за Матка, што ќе биде репрогласен за заштитена зона и ќе биде направен план за негово управување.

– За жал траеше подолго од тоа што сакавме, но сега имаме позитивно мислење и од Град Скопје и од Сарај. Ќе има план за управување со Матка. Ќе имаме јавна расправа во која зона што ќе биде можно, исто така како што имаме во Националните паркови – појасни денеска на средба со новинарите министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и упати барање до надлежните институции да најдат решение за дивите градби на Матка.