Со македонски знамиња, знамето со сонцето од Вергина и транспаренти, група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон црквата Свети Спас, а за да чуваат ноќна стража, објавува „Макфакс“.
Тие повикуваат и други да им се приклучат, а најавуваат дека ќе останат до утре. Не можат да се придвижат кон гробот на Гоце Делчев, бидејќи полицијата веќе два дена има барикади. Присутните велат дека не ги организирала партија туку се самоорганизирале.
Со нив понеле и пластични столичиња.
Спроти нив, освен блокада од барикадите, има и полициски службеници. Тие имаат направено кордон околу оградата. Не дозволуваат ниту присутните, ниту неакредитирани граѓани да се упатат кон црквата Свети Спас.
Од Владата посочуваат дека прославата ќе започне од 8 часот изутрина. На гробот на Гоце Делчев цвеќе ќе положат низа делегации.