Фото: Игор Бансколиев
Во изминатиов период до мене стигнаа информации дека лицето Николче. К. поранешен вработен во МВР, со лажни документи и фалсификувани потписи успева да измами неколку лица со гарантирање дека ќе им отуѓи државно земјиште на територија на Општина Бутел, напиша градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
– Имам информација дека некои од измамените лица веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од страна на ОЈО. Како градоначалник на Општина Бутел јавно барам од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага по однос на овие сериозни основни сомненија за криминал. Со цел да се санкционираат криминалните активности и секако доколку се утврдат истите, сторителот соодветно да биде казнет. Сакам да апелирам, доколку има други измамени граѓани веднаш да пријават до соодветните институции – напиша тој на Фејсбук.