Фото: „Нова Македонија“

Пожар избувна претпладнево во Универзалната сала во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје. Гори една од куполите на објектот.

Засега нема информации што е причината за пожарот.

Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање.