Фото: „ЈП “Водовод и канализација/Фејсбук

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска интервенираа на улицата „Бапчор“, каде што отстранија отпад што го попречувал нормалниот проток во канализациската мрежа, соопшти претпријатието.

Од „Водовод и канализација“ велат дека нивните екипи редовно интервенираат на повеќе локации низ градот за да обезбедат непречено функционирање на мрежата. По интервенцијата на „Бапчор“, претпријатието повторно апелираше до граѓаните отпадот да го фрлаат во корпите, а не во канализациските шахти.

– Не фрлајте влажни марамчиња, пелени, хигиенски производи и друг вид отпад во канализациските шахти. За таа намена користете ги корпите за отпадоци! – порачаа од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека со правилно одлагање на отпадот може да се спречат затнувања и дефекти на канализациската мрежа.

Фото: „ЈП “Водовод и канализација/Фејсбук
Фото: „ЈП “Водовод и канализација/Фејсбук
Фото: „ЈП “Водовод и канализација/Фејсбук