Фото: Општина Карпош

За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема. На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа.

– Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема. За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи – се додава во соопштението на Општина Карпош.

Од Општината нагласуваат дека јавните површини се заедничко добро на сите граѓани и порачуваат сите да се однесуваат одговорно, заеднички да се придонесе за нивно зачувување.