„Водовод и канализација“, Скопје ја известува јавноста и граѓаните на Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за физички и правни лица за задоцнето плаќање е во тек, започна на 20 јуни и ќе трае заклучно со 31 јули 2024. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
Од јавното претпријатие ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
-Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес – велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека за секоја дополнителна информација за услугите заинтересираните да прашаат на: 02 3073 010; 02 3240 300; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.