Општината Кисела Вода ќе гради монтажна катна гаража на две нивоа и на тој начин ќе го решава проблемот со паркирањето. Монтажната гаража ќе се гради во една од најкритичните точки во општината, во населеното место познато како Расадник. Новото паркинг-решение е проектирано за изведба со метална конструкција на два ката и со површина од околу 1.500 квадратни метри.

– Општината Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски со особено задоволство ве известуваат дека најавеното подобрување на сообраќајните решенија, во кои е опфатен и проблемот со паркирањето, почнува со реализација – стои во известувањето на општинската веб-страница и во соопштението испратено до медиумите.