Хаос во сообраќајот на улиците во центарот на Скопје. Целосно е блокиран центарот на главниот град, поради протестот на Независниот полициски синдикат и поради посетата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Од Независниот полициски синдикат бараат подобри услоби за работа. Тие ги блокираа улиците, а возачите нервозни чекаат заглавени во колона и по половина час.

Блокирана е улицата кај „Рекорд“ со автомобили, а на разглас се пуштаат емисии каде се зборува за состоjбата на полицијата и нивните проблеми. Возилата се паркирани на крстосницата.

Блокирано е пред Влада, „Климент Охридски“, „Илинденска“, кај Црвен крст.