И во Скопје одбележан Денот АНЗАК. Почесниот конзул на Австралија во нашата земја, Зоран Костовски, денеска положи свежо цвеќе и им оддаде почит на двајцата австралиски војници, Џон Патерсон и Доналд Гласон, кои се погребани на британските воени гробишта во Автокоманда.

Австралија и Нов Зеланд го одбележуваат 25. април во чест на 50-те илјади австралиски и новозеландски војници кои во 1915 година се истоварија на Галиполе, со тоа приклучувајќи се на сојузничките војници во Првата светска војна.