Градските советници одлучија да ги субвенционираат граѓаните што ќе одлучат до крајов на годинава да купат електрични тротинети и тоа 50 отсто од вредноста на нивното чинење, но не повеќе од 10.000 денари.

Ова значи дека оние што ќе се одлучат, можеби, да си купат и поскап тротинет не ќе можат да добијат повеќе од определениот износ. Оваа одлука беше изгласана неодамна, а доделувањето поединечни субвенции за граѓаните за потребите за купување електрични тротинети е за да се пренаменат дел од неискористените средства од субвенциите за велосипеди за лица со посебни потреби. Средствата што останаа неискористени ќе се пренаменат, бидејќи лицата со посебни потреби не покажаа голема заинтересираност и дел од средствата предвидени за таа намена останаа неискористени.