Општина Чаир и Министерството за економија ја започнуваат реализацијата на третата фаза на проектот за санација и адаптација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија.

Oваа фаза од проектот опфаќа санирање на излозите на вкупно 97 дуќани во вкупен износ од 11.400.000 денари. Реализацијата на проектот започнува денес со потпишување на договорот помеѓу Општина Чаир и избраниот економски оператор „Конструктор“ ДОО по спроведената законска постапка за јавна набавка.

– Со ова јасно се докажа посветеноста на институциите за оживување на културниот и туристичкиот живот во Старата скопска чаршија преку зачувување на автентичноста на нејзината инфраструктура – велат од Општина Чаир.