Во општината Шуто Оризари на свечена церемонија, која се одржа во основното училиште „26 Јули“, им беа доделени плакети на пензионираните просветни работници. Истовремено, од претставници од образованието и претставници на општината им беше искажана благодарност за досегашната работа и вложениот труд во образовниот процес. На просветните работници, кои го завршуваат својот работен ангажман заради заминување во пензија, им беше оддадено признание за клучни постигнувањата во афирмирање на воспитно-образовната дејност во насока на создавање идни генерации со препознатлив потенцијал за понатамошно усовршување.

– Оваа година училиштето „26 Јули“ додели вкупно 14 плакети за наставници од македонска и од албанска настава за постигнатите успешни резултати во образованието – информираат од општината Шуто Оризари.