Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште, Студеничани и Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Ракотинци во општина Сопиште, а од 09:00 до 17:30 часот корисниците од дел од село Долно Количани во Општина Студеничани.

Без струја утре од 12:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мите Богоевски“, поточно објектите од бр. 67 до бр. 73. во Општина Аеродром.