Фото: Пиксабеј

Додека лекарите и медицинскиот персонал се уште не го добиле ланското покачување на платите за 2.000 и 3.000 денари, сега во болниците се случува т.н бел штрајк, а двата најголеми синдикати во здравството најавуваат и генерален ако не се потпише колективниот договор.

Министерот Фатмир Меџити, пак, без да прецизира во што е проблемот што досега здравството не го добило покачувањето, кажа дека за неколку дена, исплатата на парите ќе започнела.

-Со синдикатите усогласивме се, мислам дека за неколку дена тоа што е ветувано ќе почне да се исплатува – рече Меџити.

Вие добивте поголема плата? – Добивме, не сум проверил, но знам дека сите добиле, па најверојатно и јас. Знам за покачувањето, но за него јас не сум одлучил. Се стремиме секогаш здравствените работници да имаат подобри примања, а за тоа ќе се залагаме и во иднина – вели Фатмир Меџити – министер за здравство.

Министерот не сакаше да коментира дали е фер тој и останатите Министри за земаат за 78% поголема плата, а здравствените работници со месеци да чекаат 2.000 или 3.000 денари повеќе.

– Тоа не би можел да коментирам!- рече  Меџити.

Инаку, во последните неколку дена, каде и да оди Меџити признава дека состојбата во здравството е во алармантна состојба, а дел од клиниките се со ужасни услови, како и дека никој не направил стратегија како да не останеме без лекари. Тврди дека интензивно бара поддршка од Владата и Министерството за финансии за одобрувања за вработувања, за состојбата да се почне од некаде да се поправа.