Фото: Принтскрин

Секоја политичка партија има право да одлучува како ќе настапува на изборите. Но, на 8 мај СДСМ ќе формира влада со јасна европска визија што ќе ја внесе земјата во ЕУ до 2030 година, истакна вечерва премиерот во оставка Димитар Ковачевски.

На прашањето дали ќе прифати дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Ковачевски одговори дека тоа е веќе апсолвирано прашање. Сите кандидати, рече, треба да ги искажат своите ставови.

Во гостување на „Само интервју“, Ковачевски откри дека досега не разговарал со албанската опозиција за кандидат за претседател на државата, како и дека освен Пендаровски, Шекеринска и Спасовски, се „вратат“ и други имиња, но за тоа ќе се разговара и ќе се одлучува во партијата во партијата и со коалициските партнери.

Според премиерот во оставка, Талат Џафери кој ќе биде технички премиер, има доволно искуство да ја води државата, да го задржи стратешкиот правец и да се грижи за граѓаните како што го правеше досегашната влада.

-Не сум имал разговори со албанската опозиција, но сметам дека сите што се за европска Македонија и за продолжување на евроинтеграцискиот процес треба да поддржат кандидат со таков предзнак. Кандидатот на СДСМ ќе биде таков, со јасна европска визија, кој ќе ги почитува меѓународните договори со соседите и со другите држави, кој ќе го унапредува нашето членство во НАТО, кој ќе се залага за наше полноправно членство во ЕУ и кој ќе биде на браникот на демократијата и слободата на медиумите. Постпаката во СДСМ тече, има повеќе предлози за претседателски кандидат. Партиските тела одлучуваат согласно Статутот, но и со коалициските партнери – потенцира Ковачевски.

Тој ги офрли како шпекулации информациите во јавноста дека поранешниот премиер Зоран Заев барал од него оставка. Рече и дека со Заев се блиски пријатели, колеги од факултет, дека често разговараат и се среќаваат.

-Не е точно и е невистина дека Заев побара моја оставка. Комукинацијата меѓу нас е многу честа, но не и драматина, ние 32 години се знаеме, сме студирале заедно, разговараме на многу теми. Може ќе одиме на ручек идната недела. Во понеделникот вечерта, на пример, се слушнавме, разговаравме за приватни, семејни работи.  на работниот ручек со Ахмети разговаравме како треба да изгледа процесот на евроинтеграциите, сите го споделуваа своето искуство. не можете да го занемарите искуството на Заев, тој беше премиер, долги години и градоначалник, човек кој го рушеше режимот и кој го водеше процесот за влегување во НАТО – рече Ковачевски.