Фото: М.М

По отстранувањето на киосците за продажба на весници, цигари и други ситни артикли, денеска беа отсранети киосците кај Педагошкиот факултет.

На овој дел од Битола ќе се отстранат сите киосци, кои со години работеа таму. Оние сопственици на киосците кои не сакаат самите да ги отстранат киосците отстранувањето ќе го извршат работници кои ќе бидат ангажирани за нивно отсранување, а за што соптственицте ќе мора да платат и 300 евра трошоци.

Покрај отстранувањето на киосците локалната самоуправа на Битола неодамна почна со отстарнување на монтажните гаражи чии локации ќе бидат наменети за изградба на паркинг места.

М.М