Фото: М.М.

Со врачувањето на наградите и незаборавна забава во ресторанот „Вавилон“ во присуство на над 600 гости, се одржа традиционалната 23. по ред манифестација на Битолски весник „Избираме најуспешни битолчани“ за 2021 година.
На Манифестацијата беа доделени 36 признанија на најуспешните битолчани, кои во 2021 година со своите резултати што ги постигнаа се афирмираа себеси, но ја афирмираа и Битола.
Најпрестижното признание на Битолски весник на манифестацијата, за трајни вредности, го доби интерпретаторката Виолета Томовска.
Томовска испеала многу хитови и бисери на македонската староградска песна. Меѓу најпознатите се хитовите: „Македонско девојче“, „Ој Вардаре Македонски“, „Заиграј со мене ти“, „Камен да беше срцето“, „За многу години Македонци“, „Ми товарил Донцо“, „Песна ви пеам, Македонци”, „Ах вие луди млади години“, „Битола мој роден крај”, „Молитва“, „Песната е дар од Господа” и стотина други. Настапувала на многу фестивали на кои добила безброј награди од публиката и жири комисиите. Меѓу нив е наградата „Послание за хуманост на Мајка Тереза”, добиена од Граѓанската асоцијацијата „Скопјанката Мајка Тереза”, за нејзината хуманост, како и наградата „Ајри Демировски”, доделена од Битолски весник, по повод манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани за 2009 година”.

Фото: М.М.

Неодамна претседателот на државата Виолета Томовска ја одликува со признанието Орден за заслуги по повод 11-октомври .
Наградата за животно дело ја освои професорката по англиски јазик и конзулката на Велика Британија во Битола, Лилјана Спировска.
Наградата „Ајри Демировски “ и беше доделена на Сузана Турунџиева.
На Манифестацијата на главната протагонистка во филмот „Медена земја” Атиџе Муратова и беше врачено посебно признание.
Во областа на новинарството признанија добија новинарката на ТВ „Блумберг Адриа”, Ирена Каревска и дописникот на Битолски весник од Гостивар, Киро Кипровски.
Компанијата Би Милк – Битола доби признание како општествено одговорна компанија,а во областа на осигуривањето наградата ја освои компнаијата СН Брокер.
Од областа на политиката признанието го доби градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.