Фото: М.М

Суспендирањето на прекуграничниот европскиот проект „Смарт фор ју ту“, покрај тоа што ќе ја чини Битола 400.000 евра изгубени европски пари, мошне негативно ќе се одрази и врз реализацијата на проектите во Корча и Пустец, Албанија, како и НУ Заводот и музеј и Младинскиот културен центар од Битола, кои беа дел од овој прекуграничен проект.

– Општина Битола ќе испрати писмо до Делегацијата на ЕУ, во кое што ќе наведеме дека сме спречени да продолжиме со реализација на проектот и како водечки партнер, ќе информираме дека со ваквата ситуација нема можност за реализација на проектните цели, првично планирани на ниво на партнерство, кај сите вклучени страни, врз кој основ и бил одобрен проектот. На овој начин, не само што губи Битола, невладиниот сектор и националната установа од нашиот град, за жал, во целосна неизвесност, новото мнозинство во Советот ги стави и нашите партнери и соработници од Пустец и Корча – истакна градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на денешната прес конференција свикана по повод одлуката на мнозинството советници воопшто да не ја стават точката за овој проект на дневен ред.

М.М.