Фото: З.А.

На локација кај новите градски гробишта во Кичево, заврши изградбата на нова градска капела со средства во износ од 396.000 евра обезбедени од ТАВ-програмата. Покрај градската капела, во непосредна близина привршува изградбата и на нов црковен храм.

Во непосредна близина на новоизградената капела кај градските гробишта во Кичево, финишира изградбата и на новиот црковен храм „Сестри Мироносици“, кој се гради со средства обезбедени од страна на верниците. Според информациите до кои дојдовме, црковниот храм во текот во оваа календарска година ќе биде фрескоживописан и осветен. З.А.

Фото: З.А.