Фото: З.А

Денес во посета на Кичево беше јапонскиот амбасадор Казуја Оцука, кој најпрво ја посети општина Кичево каде оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари. Оцука од прва рака беше запознаен со состојбите во оваа општина како на економски така и на безбедносен план.

Потоа јапонскиот амбасадор го посети и ОУ„ Д-р.Владимир Полежиноски“, каде амбасадата на Јапонија донираше средства во износ од 80 000 евра за промена на старите прозорци со нови прозорци.

-Денешната посета на Јапонскиот амбасадор на нашето училиште беше, за на лице место, се увери во проектот што го финансира неговата земја во вредност од 80 000 евра, за промена на старите прозорци во ова училиште со нови прозорци. Инаку овој проект Јапонската амбасада го одобри на почеток од 2021 година, а во март следната година почна реализација на истиот. Со денешната посета на амбасадорот се изврши примопредавање на овој проект – истакна директорот на ова училиште Горан Каранфилоски, кој потсети дека ова училиште во 2022 година ја доби наградата за најактивно училиште во земјава.

З.А