Фото: Месна заедница Галичник

Расте бројот на мечки во Галичник, а животните влегуваат во селото.

Месната заедица Галичник објави дека во повеќе наврати во изминатите години официјално се обратиле до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на проблемот.

Од тука велат дека дописи до институциите биле доставени и во изминатите години, со истите апели – надлежните да дејствуваат.

Според нив, се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризикот не е исклучен, па затоа неопходно е да се преземе нешто.

„Апелираме надлежните да дејствуваат и да му дадат насоки на локалното население. Одомаќените диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, велат од Месната заедница Галичниик.

Додаваат дека кај населението постои страв, но не бараат дозвола за отстрел. Според нив, тоа треба да биде последна опција за решавање на проблемот.