Вработените од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и пожарникари од ТППЕ Прилеп веќе два дена гаснат пожар на депонијата кај Алинци. Пожарот кој претходно беше ставен под контрола, повторно утрово се распламнал. Моментно е локализиран.
– Во вторникот попладнето добивме дојава дека депонијата е запалена. Излеговме на
терен со механизација, цистерни. Имавме поддршка од пожарникарите. Пожарот го
локализиравме после полноќ во вторник спроти среда. Утрово повторно добивме дојава
дека гори од спротивната страна. Имаме сомнежи за подметнување на пожарот. Го
локализиравме со максимално залагање на вработените и пожарникарите и неколку
компании кои помогнаа со механизација. Не знаеме како е запален. Депонијата има
површина од 40 декари, и има физичко обезбедување 24 часа. Сомнежот дека е запален повторно на лесно запалив материјал. Постои опасноста од загадување на воздухот – вели Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“, потенцирајќи дека побарале од Полициската станица – Прилеп на тој терен да има поголемо присуство на полиција.
Не постои опасност да гори на другиот дел од депонијата, а инспекторите за заштита излегле на терен укажале на мерките што треба да се преземат.
Депонијата е пуштена во употреба 1975 година. Се трупа секаков вид на мтеријал, и
имало џепови. Кога се појавувал пожар се ширел. Надлежните се надеваат дека на пролет ќе започнела да функционира регионалната депонија, според сите стандарди.
Од ТППЕ Прилеп велат дека со натчовечки се справуваат последниот месец со пожарите не само во општина Прилеп, туку и во општина Долнени.
– По добиената дојава за пожар на депонијата ТППЕ излезе со 4 цистерни и осум
пожарникари. Пожарот е локализиран, се работи на неговото гаснење. Етапно се гасни
површината на која гори. Има горлив материјал, го пригушуваме. Откако ќе се изгасни
пожарот ќе се сипи со земја и наредните денови ќе се работи. Овој месец имаме 180
интервенции, од кои 120 се во општина Долнени. 48 часа се ангажирани пожарникарите во гаснење на пожари, а се грижиме да се заштитат и црковни објекти. Апелирам да се вклучи и месното насление на општина Долнени. Ние покриваме голема територија од околу 1800 километри квадратни – посочува Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.
Тој потенцира дека со 34 пожарникари и 12 сезонско ангажирани лица преку
општина Прилеп и со стари возила го даваат максимумот. Очекуваат барем од општина Долнени сезонски да ангажираат лица, но барем да имало и нови вработувања во ТППЕ
Прилеп. Ка.М.