Фото: З.А.

Во организација на Здружението за деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево, 15 деца од ова здружение денеска беа во село Вранештица и ги посетија грнчарската работилница на грнчарот Марко во селото и црквата „Свети Илија“.

Фото: З.А.

-За да им го разубавиме животот на децата со пречки во развојот, денес организиравме посета на село Вранештица и мајсторската работилница на грнчарот Марко и локалната црква. Општината обезбеди превоз. Грнчарот на гостите им го претстави процесот на изработка на производи од глина, а за сите дечиња обезбеди и по еден земјен сад. Покрај грнчарската работилница на мајстор Марко, беше посетена и црквата „Свети Илија“, а гостите добија исцрпна информација за историјатот на овој верски храм. На крајот љубезните домаќини од црковниот одбор во дворот на црквата организираа закуска – истакна Горан Нестороски, волонтер во ова здружение.

З.А.