На 25 април 1960 година во Битола е формирано најстарото македонско научно друштво, кое основачите го именуваа како Друштво за наука и уметност-ДНУ, а од пред 20 години, оваа асоцијација на интелектуалците на Битола прерасна во Македонско научно друштво, МНД – Битола.

Со оглед на новонастанатите околности со коронавирусот големата прослава по повод јубилејот, која требаше да се одржи в сабота на 25 април со свечена академија е одложена.

Сепак, по повод јубилејот, в сабота на 25 април, членовите на Управниот и Надзорниот одбор, Уредувачкиот Совет и Етичката комисија ќе одржат онлајн свечена седница на која ќе потсетат на значајниот датум и растежот на Друштвото.

Во пресрет на големиот јубилеј, МНД-Битола деновиве издаде од печат Монографија за Друштвото, чиј автор е проф. д-р Марјан Танушевски, актуелен претседател на МНД-Битола. М.М.