БУТЕЛ

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги посети првачињата од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел. Тие заеднички читаа сликовници од програмата „Читање дома“ и разговараа за тоа колку е важно учењето.
– Програмата „Читање дома“ е иницијатива на Канцеларијата на Светската банка и на Владата, со која преку достава на сликовниците се поттикнува читањето кај децата и придонесува за успешен развој – информираат во Општина Бутел.