Со свечена програма денеска ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп го одбележа патрониот празник.

– За неполни две години, во ООУ „Рампо Левката“ беа реализирани голем број проекти. Променета е целокупната столарија на третиот спрат, промена на канализационата мрежа, проект вреден 2.800.000 денари во изградба на повеќенаменско, спортско игралиште. На чекор сме пред отворање на дневен престој во училиштето, изградба на училница на отворено во дворот на училиштето, реновирани се парните котли, молерисани се дел од просториите во соблекувалната и спортската сала, го зголемивме и библиотечниот фонд и надгледните средства во опремување на кабинетската настава, го збогативме и зеленилото во дворот и многу други помали проекти – посочи Менка Аџиоска, директорка на ООУ „Рампо Левката“.

И во ООУ „Добре Јованоски“ беше одбележан патрониот празник, а делегации на Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци и други здруженија, утринава положија свежо цвеќе на спомен-обележјето во месноста Дабница, каде на 19 септември 1942 година биле стрелани 18 жители на Прилеп и Дабница, меѓу кои и двајцата патрони на двете прилепски основни училишта.

Ка.М.