БИТОЛА

По многу иницијативи, ангажирања, лобирања и активности, деновиве конечно на жителите од Билјаник во населбата Горно Оризари – Битолско им се исполни долгогодишната желба да изградат црква. Во месноста Билјаник, во населбата Горно Оризари во Битола, деновиве беа осветени темелите на црквата „Св. Талалеј“.
На свеченоста по повод осветувањето на темелите на црквата присуствуваа градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски, директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски, и голем број жители.

Чинот на осветувањето го водеше неговото високопреосвештенство, митрополитот преспанско-пелагониски г.г. Петар.
– Со изградбата на црквата посветена на светецот Талалеј конечно ќе се исполни долгогодишната желба на жителите од Билјаник, во Горно Оризари, кои долги години настојуваа да изградат црковен храм што ќе го носи името на Талалеј – велат од Организациониот одбор за изградба на црквата.