Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, со поддршка од ургентниот фонд на ромскиот образовен фонд, додели 20 таблети за ученици Роми, кои учат во основното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, за да им се подобрат условите за учење во новата 2020/2021 учебна година.
Денеска, во соработка со локалната самоуправа, на учениците им беа доделени таблетите од страна на претставник од здружението, градоначалникот на Општина Берово и директорот на „Ацо Русковски“.

Многу здравје, успех и постигнување големи резултати во претстојната учебна година на средношколците што добија теблети им посака градоначалникот Пекевски, исткнувајќи овие таблети да ги користат пред сѐ за потребите во образованието. Директорот на „Ацо Русковски“, Сашко Корчовски, поздравувајќи ја оваа иницијатива упати благодарност за донацијата, која на учениците во претстојниот период ќе им биде добредојдена.