Компанијата „Дрекслмајер“ од Кавадарци организираше волонтерска акција за есенско пошумување. Во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница
Кавадарци вработените од „Дреклсмајер“ засадија 3.500 багремови садници на површина од околу еден хектар.

– Секој од нас треба одговорно да се однесува, бидејќи единствено така ќе создадеме услови за подобар живот за сите генерации. Преку реализацијата на оваа акција сакаме да бидеме добар пример и да дадеме поттик за подигнување на свеста за грижата за животната средина- вели Лукас Мирингер, генерален менаџер на „Дрекслмајер Македонија“. Ми.М.