ГЕВГЕЛИЈА

Започнува бесплатен скриниг на дојки во Општата болница со проширена дејност – Гевгелија за женската популација од Општина Гевгелија и соседните општини Богданци и Дојран.
– Во проектот е предвиден бесплатен скрининг со мамограф и ехо на дојки, апарати што веќе ги поседува болницата, а ќе се изведува во Одделот за рендгенологија во Општата болница – Гевгелија, најнапред секој викенд, а потоа и во попладневните часови во некои работни денови. Со истиот тој, во првиот бран се очекува да бидат опфатени околу 400 жени од: Гевгелија, Богданци, Дојран и Миравци – истакна директорот на Општата болница, д-р Митко Крџев.
Бесплатниот скрининг се реализира во рамките на меѓународниот проект „Хелт инфо“, со финансиска поддршка од ИПА-фондовите на Европската Унија за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија, а ги опфаќа градовите: Гевгелија, Битола, Солун и Воден и планирано е да трае две години.