Радовиш

Веќе почна проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, финансиран од ЕУ, преку Интеррг – ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Главната цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природните катастрофи од прекугранична димензија. Во Радовиш главна активност ќе биде уредување дел од коритото на реката Сушица, во должина од 624 метри, поставување каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното и градење скали и рампи.

Вкупната вредност на проектот изнесува 587.931,97 евра, од кои кофинансирањето од општината Радовиш е во вредност од 191.630,00 евра, а преостанатите средства се обезбедени од ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Проектот се реализира преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион, во партнерство со општините Радовиш и Сандански, со времетраење од 24 месеци.