На денешната седница на Советот на oпштина Новаци беше разгледан и одобрен предлог-буџетот на oпштина Новаци за фискалната 2022 година.
Локалната самоуправа за следната година проектирала основен буџет во висина од 1.9 милиони евра или 117.980.725,00 денари, односно вкупниот буџет на општината изнесува 2,5 милиони евра или 153.412.725,00 денари.
– Покрај основниот буџет општината има и приходи од самофинансирање кои изнесуваат 554.000,00 денари, приходи од донации 200. 000,00 денари, блок-дотации во износ од 34.678.000,00 денари. Капиталните расходи изнесуваат 51.847.392,00 денари, а тековно опративните расходи 101.565.333,00 денари. Со овај планиран буџет треба да ги платиме големите долгови од претходното раководство, но секако дека имаме и проекти кои ќе ги реализираме како субвенциите за климатизери кои веќе стартуваа. Во најбрз можен рок ќе го објавиме и повикот за субвенции за жителите на општина Новаци за изградба на термоизолациони фасади, потоа субвенции за земјоделството, односно за засадување на специфични култури и системи за наводнување „капка по капка“, изградба и реконструкција на улици, детски паркови, урбана опрема, капели, канализации со пречистителна станица и слично – рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.
М.М.