Деновиве заврши реконструкцијата на покривот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, еден од капиталните спортски објекти во градот, стар четириесетина година, кој долго време прокиснуваше.
– Покривот е реконструиран благодарение на проектот Бенефит, со кој во овој објект се успеа да се препокрие покривот во главната сала, да се изолира таванот во главната сала, да се препокрие дел од нискиот дел од салата и да се заменат таваниците во нискиот дел од салата, во делови од ходниците и да се заменат светилките во нискиот дел со енергеткси ефикасни светилки и во ходниците – рече Наташа Лукиќ, менаџер на проектот Бенефит.
Со овој проект променети се и таваниците со енергетски ефикасни во ходниците, поставена е нова енергетски ефикасна дограма. Предвидено е и вградување на филтер во котелот за биомаса.
Со ваквите реконструктивни зафати енергетската ефикасност на спортската сала се зголеми за три класи. Од буџетот на проектот кој изнесува 1,1 милион евра, 392 700 евра беа наменети за проекти активности на Општина Битола, а за салата околу 297 000 евра директни инвестиции.
М.М.