Фото: МИА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 19.08 до 21.08.2022) направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово – 21, Гевгелија – 18, Гостивар и Кочани – по 16, Струга – 13, Тетово – 12, Штип – 11, Радовиш – 10, Велес, Кичево и Крива Паланка – по 9, Делчево – 6, Виница и Пехчево – по 5, Струмица, Ресен, Берово, Дебар и Кратово – по 4, Неготино, Крушево и Демир Хисар – по 3, Демир Капија – 2, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти од: Скопје – 505, Битола – 81, Кавадарци – 61, Тетово – 45, Куманово – 42, Прилеп – 34, Велес – 32, Гостивар и Штип – по 25, Неготино – 24, Струмица – 22, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Делчево – 11, Берово – 10, Ресен – 9, Кратово – 8, Кичево – 7, Охрид – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Радовиш, Виница и Демир Капија – по 4, Крушево – 3, Струга – 2, Пехчево, Демир Хисар, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.143.260 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025