Фото: Архива

Големи гужви има во поликлиниката „Јане Сандански“. Се чека најмалку еден час за вакцина против голема кашлица, а редови има до влезот на поликлиниката.
Пунктовите каде што може да се изврши вакцинација, по препорака на Комисијата за заразни болести, работат и втора смена преку работната недела, а децата можат да се вакцинираат и во сабота до 14 часот.

Според последните информации на Институтот за јавно здравје од осми февруари, во државата се регистрирани вкупно 22 случаи на голема кашлица.
По однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73 отсто) во осум различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9 отсто) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4 отсто) се деца на возраст од 1 до 4 години.
Првиот пријавен случај е на 05.01.2024.