Фото: МИА

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција, информира министерството за животна средина.

– Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС. Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант ОХИС, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање – изјави министерот Насер Нуредини.

Целиот процес, појасни тој, се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација.

Во наредниот период, истакна дека уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку УНИДО.

– Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во соработка со УНОПС – посочи Нуредини.