Независниот синдикат на здравствени работници повторно излезе на протест револтирани поради фактот дека надлежните институции немаат слух за проблемите со кои се соочуваат.
Заради протестот, центарот на Скопје е блокиран.
Уште еднаш ги повторуваат своите барања: зголемување на платите, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток како и трансформација од определено работно време на неопределено.