Свеста за правата на децата е значително подобрена и се преземени мерки за нивна заштита, но тоа не е доволно. Но, тоа не е доволно, порача денеска преку соопштение Народниот правобранител, по повод Меѓународниот ден на Детето – 20 Ноември.
– Конвенцијата за правата на детето не обврзува безусловно да овозможиме подобар свет за секое дете, услови за нормален развој и егзистенција, непречено остварување на правото на образование, највисоко ниво на здравствена заштита, социјална помош и поддршка на децата од материјално необезбедени и социјално ранливи семејства… со еден збор имаме обврска да му озвозможиме на секое дете на подеднаква основа остварување на правата, со почитување на неговиот најдобар интерес и учество во донесувањето одлуки – вели Народниот правобранител Насер Зибери.
Омбудсманот додава дека како општество уште многу треба да работиме и попосветено да им пристапиме на проблемите кои ги попречуваат децата во остварувањето на правата.
– Жално, но вистино, во пракса, нерешениот проблем со правно невидливите деца, децата на улица, сегрегацијата во некои училишта, проблемот со необезбедени образовни и лични асистенти, неможноста на детето да остварува лични и непосредни контакти со родителот со кого не живее, насилството врз децата, меѓуврсничкото насилство, па и случаите на сексуално злоставување на деца покажуваат дека како општество уште многу треба да работиме и попосветено да им пристапиме на проблемите кои ги попречуваат децата во остварувањето на правата – се наведува во соопштението од Омбудсманот.