Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 2,7 степени е регистриран денеска во 14 часот и 29 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 километри југоисточно од Скопје.
Според досегашните податоци, потресот е почувствуван во југоисточните делови на земјата, особено во Пехчево, Берово и нивната околина, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.































