Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Л.З. од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот, 78-годишниот С.Т. од Неготино, извести МВР.
„Од здобиените повреди С.Т. починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино“, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.