Фото: Игор Бансколиев

Утре од 8 до 15.30 часот нема да работат семафорите во центарот на Скопје.

Од ЕВН информираа дека во тој период ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на градот, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ин“ и околината.

ЈП „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.